Прв зелен ресторан: Гостите самите избираат што ќе јадат од градината

Neon Greens ќе биде ресторан за салата која ќе се одгледува во вертикални и хоризонтални градини. Секое парче зеленчук ќе оди од градина директно во кујна, веднаш по бербата, по подвижна лента што лебди над главите на клиентите. На тој начин секој посетител на ресторанот ќе може дирекно да види и одбере кое парче зеленчук го сака и како стигнува од градина на трпеза.

„Neon Greens се заснова на радикална транспарентност – тоа е целата идеја“, рече сопственикот Џош Смит. Ресторанот во Сент Луис, кој треба да се отвори ова лето, има за цел да ја одгледува целата своја зелена салата, пред очите на клиентите.

„Клиентот навистина има право да го види патувањето на салатите од семе до трпеза“, рече Смит. „Тие ја гледаат целата работа и тоа се случува пред нивните очи“.

Идејата се роди од КОВИД. За време на пандемијата, Смит почна да произведува зелена салата по принцип на т.н хидропонично одгледување преку систем заедно со својот пријател. Само еден месец подоцна, Смит нарачал индустриска земјоделска опрема и поставил над 100 погони во својот дом.

Идејата пак за подвижната лента потекнува од желбата да се соберат производи што е можно побрзо пред времето на јадење, нешто што Смит го научил кога решил да почне да одгледува сопствена зелена салата.

„Беше навистина неверојатно да се вкуси разликата“, рече тој. „Сигурен сум дека ако сте имале можност да сте во градина, да скинете домат и да почнете веднаш да го јадете знаете за што ви зборувам. Се менува вкусот во зависност од тоа колку време поминало од кога била бербата до моментот на јадење на зеленчукот“, вели Смит

„Кога ќе влезете внатре, изгледа како да се од иднината“, рече тој. „Постојат огромни вертикални полици со LED диоди и огромни вертикални рафтови со зелена салата што расте и ја ги гледате пред вас“.

Поголемиот дел од производството на зелена салата во САД е во Калифорнија и Аризона, што значи дека има долго патување за да стигне до источниот брег и до Средниот Запад. Таа зелена салата секако не го задржува врвот на свежината кон која цели Смит.

Извор: nrn.com

Најново

Последни колумни