Прв случај на Птичји грип во Калифорнија

Калифорниските здравствени власти од округот Аламеда, пријавиле прв случај на птичји грип кај дете. Се стсравува дека болета може да се прошири меѓу луѓето.

Дете имало респираторни симптоми и одело во дневен центар во округот Аламеда. Веднаш е изолирано дома и прима терапија, а ниту кај еден од членовите на неговото семејство или пријатели од градинка нема вирусот Х5Н1.

Здравствените власти рекоа дека ризикот за заболување кај граѓаните, сепак е мал. Тие предупредуваат дека постои можност птичјиот грип да се прошири на луѓето, откако во 2022 година предизвика избувнување меѓу кравите кога од оваа болест заболеа околу 500 стада, за потоа да се прошири и кај луѓето.

Тоа е прв пријавен случај кај дете во САД и најмалку 53-ти случај на луѓе во светот. Случаите главно биле поврзани со изложеност на птици или говеда, но во овој случај тинејџерот немал контакт со ниту една од наведсените причини, пишува Дејли Мејл.

Тинејџер од Канада, кај кој е дијагностициран причји грип, а кој немал контакт ниту со птици ниту со говеда, е во критична состојба во болница. Истражувачите од Центрите за контрола и превенција на болести ( ЦДЦ ) сметаат дека има уште многу случаи кои останале неоткриени или пријавени.

Иако експертите се загрижени за пропуштените случаи, тие се охрабрени дека тоа значи дека повеќето луѓе кои се заразуваат со птичји грип не се разболуваат сериозно. Сепак, ЦДЦ предупреди дека секоја инфекција го зголемува ризикот вирусот да добие мутации за подобро да се шири меѓу луѓето и да предизвика тешка болест.

Во Калифорнија, здравствените власти рекоа дека детето има ниско ниво на вирус во позитивниот тест, што укажува дека не е заразно за другите. Вториот тест четири дена подоцна бил негативен, што укажува на тоа дека неговото тело се изборило со инфекцијата. Сè уште не е познато како детето се заразило, но здравствените власти велат дека истражуваат можна поврзаност со изложеноста на диви птици.

„Природно е луѓето да бидат загрижени и сакаме да им потврдиме на родителите, старателите и семејствата дека врз основа на информациите и податоците што ги имаме, не мислиме дека детето е заразно. Нема документирано ширење на птичјиот грип од човек на човек во која било земја повеќе од 15 години“, изјави директорот за здравство д-р Томас Арагон.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни