Прв концерт по 8 години – Ријана за 5 милиони евра настапуваше на предсвадбената забава на најбогатиот Индиец

Познатата пејачка која изгради своја империја од милијарди долари како музичар и сопственик на бизнис, наводно била платена над 5 милиони долари за да настапи на предсвадбените свечености за најмладиот син на индискиот милијардер Мукеш Амбани, Анант.
Најбогатиот човек во Азија, Амбани е деветта најбогата личност во светот според Форбс.

На видеото споделено на социјалните мрежи пејачката од Барбадос изведува некои од нејзините најпознати  хитови, вклучувајќи ги „Pour It Up“ и „B—h Better Have My Money“ пред огромна толпа.

За време на настапот Ријана одржа краток говор, кога му се заблагодари на семејството Амбани и им честиташе на младенците, а многумина ја критикуваа дека не може правилно да ги изговори нивните имиња.

Списокот на гости кои присуствуваа на забавата во Индија имал скоро 1200 луѓе, меѓу кои и многу славни личности и некои од најбогатите луѓе во светот.

Појавувањето на Ријана како главна ѕведа на настанот е од особено значење, бидејќи 36-годишната пејачка се оддалечи од музичката сцена во поголемиот дел од последната деценија.

Ријана не беше единствената милијардерка која присуствуваше, бидејќи Амбани ги поканил и  извршниот директор на META Марк Закерберг и поранешниот извршен директор на Microsoft, Бил Гејтс. Присуствуваа и Иванка Трамп и боливудската ѕвезда Шах Рук Кан.

Анант (28) се очекува да се ожени со својата долгогодишна љубов Радика Мерчант (29) во јули. Таа е ќерка на Вирен Мерчант, извршен директор на Encore Healthcare Pvt. Ltd., и претприемачот Шаила Мерчант.

Извор: https://www.foxnews.com/entertainment/rihanna-performs-concert-india-wedding-son-asias-richest-man

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни