Општ хаос во Кочани – Протестите ескалираат

Протестите во Кочани ескалираа кога насобраните граѓани се упатија кон зградаат на општината и почнаа да фрлаат камења и јајца и да ги кршат прозорите на општинската зграда.

Гневот на жителите на Кочани се излеа пред општинската зграда. „Секој еден може да е следен!“ извикуваа граѓаните на Кочани и бараат правда и одговорност за 59 те жртви од пожарот во дискотеката „Пулс“. Го поикуваат и градоначалниот да излезе и да понесе одговорност за сите загинати и повредени.

„Градоначалникот треба да излезе и да понесе одговорност за сите загинати и повредени. Не може овој систем да ја игнорира вистината. За нас ова е прашање на живот и смрт,“ вели еден од протестантите.


Протестот се прошири и на други локации во градот. Демолираниот кафе-бар на истиот газда кој ја водеше и дискотеката „Пулс“ е доказ за растечкиот гнев на жителите, кои бараат сериозна одговорност за сите оние кои се дел од овој трагичен настан.

Во моментот кога протестите ги достигнаа највисоките точки, градот беше целосно блокиран. Летаа контејнери и беше создаден општ хаос. Сега, протестантите се насочени кон обвинителството и судските институции, барајќи брза и ефективна правда за сите жртви.

Толпата продолжи да се движи кон судските институции, каде што протестите се фокусирани на барање на правдата за оние кои го изгубија својот живот во трагедијата во дискотеката. Граѓаните на Кочани не сакаат повеќе да молчат – тие бараат одговорност, правда и крај на системот кој, како што велат, ги оставил жртвите да страдаат.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни