Протести во Нови Сад за тепаните студенти: На транспарентите пишува, „Уапсете го Вучиќ!“

Голем број студенти, средношколци и граѓани на Нови Сад попладнево протестираат пред просториите на владејачката Српска напредна странка (СНС) откако синоќа од активисти на партијата беа нападнати неколку студенти, јавува Бета.
Протести започнаа од универзитетскиот кампус со многу бучава, со свирежи, вувузели, труби и тапани.

На студентите им им се придружија земјоделците на трактори, како и голем број мотоциклисти, кои прават голема врева со своите мотори.

На протестот организирано доаѓаат и средношколци од Нови Сад, придружувани од голем број родители.

Редарите, претежно професори од Универзитетот во Нови Сад, формираа кордон пред просториите на СНС, за да спречат инциденти.

Демонстрантите носат транспаренти „Дијалог“ со илустрација на крвава бејзбол палка како алузија на тепањето студенти и претходниот повик на режимот за дијалог „Доста е крв“, „Сите за еден, еден за сите“, „Бојата ќе се измие, крвта не“ и скандираат „Уапсете го Вучиќ“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни