Протести во Нови Сад: Медицинарите против полициската бруталност – „Ние преврзуваме, вие претепувате“

Медицинариte и студентиte протестираа во Нови Сад поради полициска сила врз демонстранти. Приведен e и лекар додека укажувал помош.
epa12034448 Serbian students and their supporters raise their hands in red gloves during a protest outside European institutions in Strasbourg, France, 16 April 2025. Around 80 university students cycled over 1,300 kilometres from Novi Sad to Strasbourg to raise awareness within the European Union, with plans to address the Council of Europe and the European Parliament about anti-corruption protests in Serbia. EPA/RONALD WITTEK

Полицијата опремена за растерување демонстрации, чија присутност и грубо постапување неодамна предизвикаа масовни протести во Нови Сад, во ја напушти зградата на Филозофскиот факултет, а според извештаите на локалните медиуми, се преместила во зградата на Ректоратот на Универзитетот.

„Полицијата не го напушти студентскиот кампус, туку се пресели во Ректоратот, кој го „зазеде“’ по големиот студентски протест во ноќта помеѓу петок и сабота, и тоа на повик на ректорот“, објави порталот 021.rs.

Полицијата била присутна на факултетот цели 13 дена, откако деканот повикал на интервенција, а потоа се заклучил во зградата и ги избркал студентите, јавува N1 Србија. По тој настан започнале студентски и граѓански протести, кои полицијата ги задушила со силна интервенција.

Студентите сега немаат пристап ниту до ректоратот, во кој влезе интервентната полиција по повик на деканот Дејан Мадиќ. Заедно со незадоволни професори, се наоѓаат пред управата на Универзитетот.

Министерот за образование, Дејан Вук Станковиќ, изјави дека ситуацијата на Филозофскиот факултет во Нови Сад се „нормализира“ и додаде дека тоа се гледа и од фактот што 1.300 студенти се пријавиле да полагаат испити, и дека во зградата веќе нема „блокадери“.

„Никој не ме информирал за тоа, но самата бројка на 1.300 студенти што сакаат да влезат и отсуството на блокадери во зградата е доволен показател дека ситуацијата се нормализира“, рече Станковиќ за TV K1.

Во понеделникот, пред Клиничкиот центар на Војводина (КЦВ), протестираа медицински работници и студенти од Медицинскиот факултет.

Протестот со наслов „Ние преврзуваме, вие претепувате“ беше организиран поради полициската бруталност, која кулминираше во петокот за време на големиот собир во Нови Сад, кога припадниците на полицијата не поштедија ниту медицинари кои им укажуваа помош на повредените граѓани. Дури бил приведен и еден лекар додека укажувал помош, пренесе N1.

Медицинарите заедно со студентите блокираа дел од центарот на градот кај КЦВ и оддадоа шеснаесетминутна почит на настраданите на железничката станица, држејќи транспаренти.

Нови Сад изминатите две недели беше сцена на остри судири помеѓу полицијата и студентите и граѓаните кои протестираа поради влезот на интервентни единици на два факултета во градот и употребата на сила врз демонстрантите.

Повеќе десетици демонстранти беа повредени и приведени.

Антивладини протести се организираат уште од ноември минатата година, по загинувањето на 16 лица на железничката станица во Нови Сад.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни