Протести низ Србија – Приведувања, полициска опрема и барикади, студентите со порака: „Сите на улица!“

Србија утрово сведочи на синхронизирани протести во неколку градови: Белград, Ниш, Нови Сад, Крагуевац, Нови Пазар и Чачак. Студентите кои се веќе во блокада ги повикаа граѓаните да им се придружат во знак на протест против полициската бруталност.

Раните часови на протестите:

  • 06:00 – Започнаа блокади на три големи крстосници во Нови Сад (кај ГСП, Меркатор и раскрсницата Темеринска – Партизанска).
  • 06:30 – Протест започна и во Чачак.
  • 07:00 – Студентите и граѓаните се собираат во Белград, Ниш, Нови Пазар и Крагуевац.

Ширум Србија започнаа блокади на улици:

  • Во Белград, граѓаните ја блокираа улицата Кнез Вишеславова во Раковица, одејќи по пешачки премини каде нема семафори.
  • Крагуевчани го блокираа сообраќајот кај кафаната „Балкан“ и кај Соборната црква, а потоа се префрлија кај „Уредот“.
  • Во Ниш, пред Основниот суд, се собраа околу 200 граѓани. Полицијата ги предупреди да не ја блокираат улицата, по што тие се повлекоа на коловозот.

Интервенции и приведувања:

  • Според извештаите, полицијата започна со отстранување на контејнери и канти, со цел расчистување на улиците во Белград.
  • Полицијата е присутна со опрема за растерување демонстрации на повеќе локации, особено на Плоштад Република во Белград.
  • Според податоци од МВР на Србија, до овој момент се приведени 79 лица низ целата држава.
  • Во Нови Сад се известува за најмалку три приведени лица, а едно лице е приведено и во Крагуевац, откако одбило легитимација.

Пораки од студентите:

Неформалната група на студенти во Ниш испрати порака до учесниците на протестот:

„Не бидете гласни покрај ‘мариците’. Полицајците дремат внатре и не можат да се наспијат – многу се уморни.“

Студентите објавија и УПАТСТВА за безбедно протестирање:

  • Не влегувајте во физички или вербални конфликти.
  • Ако се појави полиција во специјална опрема – мирно повлечете се. Може да се преместите на друга блокада или да се вратите подоцна.
  • Бидете во големи групи.
  • Колку покреативни барикади – толку подобро!
  • Снимајте инциденти и испратете ги до правни тимови или профилите на студентите.
  • Не снимајте лица на оние кои вршат граѓанска непослушност.

Пропуштајте:

  • Итна медицинска помош
  • Родители со деца
  • Трудници
  • Медицински лица
  • Достави на храна и лекови за болници

Протестите се одржуваат и како реакција на барањата за вонредни парламентарни избори и наводни кршења на Уставот и законите од страна на институциите.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни