Протести низ Србија по масовните апсења: Илјадници граѓани и студенти ја блокираа Газела и клучните улици

Два дена по масовниот протест за Видовдан, Србија влезе во нова фаза на граѓанска мобилизација. Масовни апсења на активисти, студенти и граѓани кои учествуваа на протестите, предизвикаа остри реакции и нов бран демонстрации, со блокади на улици и јавни површини во повеќе градови низ земјата.

Белград, Нови Сад, Чачак, Суботица, Ниш, Сремска Митровица… протестите се шират низ цела Србија додека јавноста бара итно ослободување на уапсените по протестот за Видовден.

Газела под опсада – Белград блокиран

Највпечатлива беше блокадата на мостот Газела во Белград, каде што демонстрантите дојдоа пеш од Палатата на правдата, скандирајќи „Пуштете ги сите“ и „Слобода за студентите“. Илјадници граѓани беа дел од повикот на групата „Студенти во блокада“, кои вчера го најавија продолжувањето на протестите сè додека не бидат ослободени сите приведени.

„Не оди дома, менуваме се!“ – беше пораката која одекнуваше и низ улиците на Чачак, каде беа блокирани три главни сообраќајници.

Протести и блокади ширум земјата

  • Во Нови Сад, студентите порачаа: „Целиот град ќе застане“.
  • Во Земун, Вождовац, Вуков споменик и Автокоманда, студентите и граѓаните поставија барикади, користејќи клупи и столчиња како симбол на отпорот.
  • Во Смедерево, граѓаните го опколија штабот на Српската напредна странка, подигајќи шатор пред влезот.
  • Во Зajeчар, полицијата ги предупреди демонстрантите дека ќе бидат казнети со прекршочни пријави.

Студентски протест пред Високото јавно обвинителство

Покрај уличните блокади, „Студенти во блокада“ најавија мирен протест пред зградата на Високото јавно обвинителство. Според нив, притворот на нивните колеги е политички мотивиран и нема никаква основа.

Претседателот Александар Вучиќ вчера изјави дека „ќе има уште многу уапсени“, што дополнително ги зголеми тензиите во јавноста.

„Не се бориме само за студентите – ова е борба за демократија“

Меѓу насобраните се слушаа и пораки дека протестите не се само за ослободување на приведените, туку и за слободата на изразување, правото на протест и иднината на младите во земјата.

Граѓанскиот отпор добива се посилен интензитет, а студентите порачуваат дека нема да се повлечат додека не се исполнат нивните барања. Нови собири се најавени и за вечерва, како и за наредните денови.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни