„Застануваме на улица, бидејќи насилството врз жените и фемицидите мора да престанат!

Јавно ги обжалуваме сите жени кои изминативе години беа убиени од свои партнери, бидејќи институциите ги игнорираа нивните повици за помош,“ велат организаторите.

Тие повикуваат на јавно изразување на револт, бидејќи насилниците се слободни, додека жените живеат во страв за своите животи.

Протестот се одржува во знак на солидарност со жртвите на насилство и со барање за праведност, истакнувајќи дека насилството и фемицидите растат со години, а неодговорноста на институциите ја зголемува цената што ја плаќаат жените.

Убиството на Росица е само последниот трагичен пример за тоа што се случува кога полицијата и судскиот систем не ги почитуваат протоколите за заштита.

„Секој глас е важен. Дојди и кажи гласно дека женските животи не се безвредни!“ додаваат организаторите.
