Подигнати бројни шатори и метални огради

Протест пред Владата на Србија – Професорите остануваат на крстосницата додека не им се исполнат барањата

„Целта е да останеме додека не се исполнат барањата. Тоа ќе зависи од енергијата и посветеноста на сите од „Побунетиот универзитет“. Се надевам дека ќе бидеме истрајни и одлучни да го одбраниме универзитетот.“

По прославата на резултатите од локалните избори во Косјериќ и Зајечар, денеска во Белград следуваат протести. Од 10:30 започна собирањето пред зградата на Владата на Србија, организирано од страна на универзитетските професори, на кои им се придружија сите просветни работници и студенти.

Како што јавува N1, професорите поставиле метални огради со кои практично направиле кафез на крстосницата кај Владата, а во него се претставници на академската заедница. Професорот Филип Ејдус од ФПН изјави дека постои надеж дека барањата ќе бидат исполнети:

„Факултетите се на работ од провалија. Ако се направи уште еден чекор во насока во која оди режимот, се плашам дека универзитетот целосно ќе се сруши. Бранејќи ја автономијата на универзитетот, ја браниме најживотната компонента на ова општество и држава“, рече Ејдус.

На прашањето до кога ќе останат на крстосницата, рече:

„Целта е да останеме додека не се исполнат барањата. Тоа ќе зависи од енергијата и посветеноста на сите од „Побунетиот универзитет“. Се надевам дека ќе бидеме истрајни и одлучни да го одбраниме универзитетот.“

Ректор Ѓокиќ: Состанокот со премиерот беше поконструктивен

Ректорот Владaн Ѓокиќ изјави дека на премиерот му биле претставени заклучоците од Ректорскиот колегиум и дека состанокот бил поконструктивен од претходните:

„Премиерот ги разбра нашите барања. Некои се поврзани со материјални трошоци кои не се исплатени на факултетите, укинување на Работната група за измени на Законот за високо образование, определување квоти за буџетски студенти, укинување на уредбата за намалување на плати… Разговаравме за сето тоа. Очекувам конструктивни решенија.“

На прашањето дали добиле гаранции:

„Не добивме гаранции, но беа дадени предлози кога што би можело да се реализира. Не можам да зборувам во име на Владата, но мислам дека премиерот нè разбира. И тој е професор на Медицинскиот факултет. Се надевам дека ќе најдеме заеднички јазик.“

Интервјуто со Филип Ејдус за Трн можете да го профитате на следниот линк https://trn.mk/filip-e%D1%98dus-profesor-na-fakultetot-za-politichki-nauki-vo-belgrad-srbi%D1%98a-se-nao%D1%93a-na-pragot-na-vtoriot-bran-na-demokratizaczi%D1%98a-vo-svo%D1%98ata-ponova-istori%D1%98a/

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни