Просечната сиромаштија е повисока во САД отколку во повеќето западноевропски земји

Ново истражување од Универзитетот Оксфорд предлага поинаков начин на мерење на сиромаштијата кој покажува дека просечната сиромаштија е повисока во САД отколку во повеќето западноевропски земји.

Истражувачот од University of Oxford, Оливие Стерк, воведува концепт наречен „average poverty“ (просечна сиромаштија). Наместо класични линии на сиромаштија, овој модел мери колку време е потребно за да се заработи 1 „меѓународен долар“, кој има иста куповна моќ во сите земји.

САД vs Европа: време за 1 долар

Според податоците, во Соединети Американски Држави просечно се потребни околу 63 минути за да се заработи 1 долар.

За споредба, Германија околу 26 минути, Франција околу 31 минута а Обединето Кралство – околу 34 минути

Ова укажува дека „просечната сиромаштија“ во САД е приближно двојно повисока од дел од европските економии.

Раст на нееднаквоста во САД

Истражувањето покажува дека и покрај растот на приходите во САД, нееднаквоста значително се зголемила во последните децении.

Токму тоа, според Стерк, е главната причина зошто сиромаштијата „во просек“ расте, дури и кога економијата се шири.

Во Европа, приходната нееднаквост била постабилна, па економскиот раст повеќе се претворал во намалување на сиромаштијата.

Авторот нагласува дека економски раст сам по себе не значи и помала сиромаштија. Клучниот фактор е распределбата на богатството, односно колку рамномерно растот се дели меѓу населението.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни