Пронајдено е телото на една жртва од авионска несреќа во Индонезија

Рано утрово, локалните спасувачи пронајдоа остатоци на различни локации околу планината Булусараунг во регионот Марос, изјави претставникот на Агенцијата за спасување на Јужен Сулавеси, Анди Султан, според Ројтерс.

Индонезиските спасувачки екипи денес го пронајдоа телото на жртва од пад на авион за надзор на рибарството, во клисура на околу 200 метри од врвот на планината Булусараунг во покраината Јужен Сулавеси, изјави Анди Султан, функционер на агенцијата за спасување на таа покраина.

Султан презентираше нови информации за бројот на луѓе во авионот, наведувајќи дека пред несреќата во него имало десет лица, а не 11, како што беше претходно објавено, и дека состојбата на другите девет лица сè уште не е позната, пренесува Ројтерс.

Шефот на агенцијата за спасување на Јужен Сулавеси, Мухамед Ариф Анвар, изјави дека 1.200 лица ќе бидат распоредени во потрага по исчезнатите.

Индонезиските власти претходно денес соопштија дека ги пронашле остатоците од авионот за надзор на рибарството што исчезна вчера во покраината Јужен Сулавеси, во близина на планина обвиткана со магла.

Пронајдени се остатоците од авионот што исчезна во Индонезија, се бара 11 лица
Индонезиските власти денес соопштија дека ги пронашле остатоците од авионот за надзор на рибарството што исчезна во покраината Јужен Сулавеси во саботата во близина на планина обвиткана со магла, но дека сè уште трагаат по 11-те лица на бродот.

Рано утрово, локалните спасувачи пронајдоа остатоци на различни локации околу планината Булусараунг во регионот Марос, изјави претставникот на Агенцијата за спасување на Јужен Сулавеси, Анди Султан, според Ројтерс.

Султан рече дека ги виделе остатоците од авионот од хеликоптерите што го барале исчезнатиот авион и дека спасувачите биле распоредени околу местото каде што биле пронајдени остатоците.

Тој додаде дека Националниот комитет за безбедност на сообраќајот на Индонезија треба да спроведе истрага за причината за несреќата.

Авионот ATR 42-500, во сопственост на авијациската група Indonesia Air Transport, вчера околу 13:30 часот по локално време, во близина на регионот Марос во Јужен Сулавеси, изгубил контакт со контролата на летање.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни