Промоција на новото списание на Спознавање во МКЦ – Битола

Дел од содржината на ова списание се локалниот бенд – Sioto Jazz, мултимедијалната уметница и основачот на Словокулт – Елизабета Костадиновска, фотографот – Емилија Трајковска, како и колумна од Бојан Станиќ.

Во сабота на 9 ноември со почеток од 17:00 часот ќе биде промовирано новото списание на Спознавање во просториите на МКЦ – Битола.

Настанот започнува со проекција на краткометражните филмовите избрани од Младински Филмски Фестивал (МФФ): „Life of a board“ – Леона Јариќ, „Music Theory“ – Леон  Rистов и „Мала Шега“ – Трифун Ситниковски.

Потоа од 18:00 часот следи базар од локални креативци, со кои ќе може да прочитате интервјуа во новото на Спознавање, како ЛОМ Лабел, Емилија Трајковска, Луна Адитеја, Бојана Исијанин и други. Исто така и изложби на ламби од рециклирани материјали од 2nd Cycle на Христо Бојаџиев, инсталација од колективот Партизанска Штампа „Чергари“ и најчитаните интервјуа на Спознавање. Додека од 20:00 часот започнува настап на Теа Шалдева и Огнен Златанов, а од 21:00 часот Алембик.

Дел од содржината на ова списание се локалниот бенд – Sioto Jazz, мултимедијалната уметница и основачот на Словокулт – Елизабета Костадиновска, фотографот – Емилија Трајковска, како и колумна од Бојан Станиќ.

На настанот ќе бидат достапни бесплатни ментруални влошки обезбедени од ДМ – Македонија.

Зад изработка на содржината стојат Анамарија Мишачковска – Графички уредник, Дарко Беровски – Главен уредник, Мартина Даниловска и Ангела Петкова – Новинари, Емилија Трајковска и Иво Велчевски – Фотографи. Настанот е организиран во соработка со МКЦ – Битола во рамки на проектот „Урбана Агенда“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни