Промоција на книгата ,,Персефонин душебол” од Ивана Ѓоргевиќ”

Во сабота на 14 септември, во 19:00 часот во кафе Буква, ќе се одржи промоција на книгата ,,Персефонин душебол” од Ивана Ѓоргевиќ”.

,,Размислував за тоа што би одговорил кога некој би ме прашал “За што се работи во книгава? Што е главна тема? Каков наслов би и одговарал?”За болката и како да ја носиме? Ух, го има тоа на претек, но не е тоа поентата. Не е ова книга за болката колку год да ја има во неа. За себе-откривањето, личниот развој, патењето кое тој пат го носи, паѓањето и подигнувањето… Тоа веќе ми делува поблиско, но нешто уште поважно ми недостасува. За вербата и храброста?! Хмм…да, тоа е клучно доживување. Вера која опстанала низ сите разочарувања, искушенија, болка, осаменост… И храброст да се оди кон љубовта против се. Помудро, попромислено, повнимателно, со повеќе знаење за луѓето… но да се оди…”, вели во рецензијата за книгата Небојша Јовановиќ.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни