Пролет и добро здравје: Јадете свежи тиквици

Ако ги јадеме почесто, тиквичките имаат бројни здравствени придобивки. Одлично е што се лесно достапни, а поради нивниот неутрален вкус можат да се комбинираат со разни оброци.

Иако се одгледуваат во текот на целата година, шпицот на сезоната е во летните месеци. 100 грама сировата тиквичка содржат околу 16 калории, околу три проценти јаглехидрати, еден процент протеини и 0,2 проценти масти.

Добри за здравјето на срцето

Тиквичките содржат добри количини на калиум, кој помага во намалување на крвниот притисок. Содржи и умерено количество фолати, кои ги разградуваат аминокиселините како што е хомоцистеинот. Значајната количина на магнезиум помага во одржување на нормален крвен притисок и рамномерно чукање на срцето.

Содржат малку калории

Бидејќи се состојат претежно од вода, тиквичките се нискокалорични. Ова ги прави идеална храна доколку сте во процес на слабеење. Со замена на висококалорична храна со тиквички, помага да се намали бројот на потрошени калории. Покрај тоа, влакната помагаат во согорувањето на мастите во телото.

Го подобруваат здравјето на очите

Тиквичките помагаат да се елиминираат темните кругови под очите кои се појавуваат поради прекумерното задржување вода. Подуеноста околу очите се намалува поради содржината богата со вода. Присуството на витамин А во тиквичките помага во активниот развој на клетките во очите, што го подобрува видот и помага во спречување на болести поврзани со стареењето кои влијаат на очите, како што е макуларна дегенерација.

Штитат од астма и ги зајакнуваат забите и коските

Бидејќи тиквичките се добар извор на витамин Ц, тие се сметаат за добра храна за борба против астмата. Витаминот Ц игра голема улога во одржувањето на здравјето на имунолошкиот систем и во борбата против респираторните проблеми. Тиквичките содржат и калциум, кој му помага на нервниот систем да функционира правилно и им дава сила на коските и забите.

Помагаат да се намали холестеролот

Високата содржина на влакна во тиквичките помага во намалување на холестеролот. Голем дел од витаминот А и витаминот Ц го одложуваат почетокот на атеросклероза со тоа што го спречуваат холестеролот да ги оксидира крвните садови на телото, со што тиквичките го ослободуваат телото од вишокот штетни материи.

Јадете ги подготвени на пареа или печени во рерна или на скара, со минимално користење на маснотии, за да ги внесете сите хранливи состојки што имаат да ги понудат тиквичките.

Извор: e-klinika.rs

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни