Прогрес: Десничарските партии го користат популизмот за поткопување на институциите

„Десничарските партии го користат популизмот за поткопување на институциите кое доведува до ерозија како на институциите, така и на владеењето на правото“, е главаната порака од Конференцијата насловена како Заштита на демократијата: Справување со подемот на десничарскиот популизам” во организација на Прогрес институт за социјална демократија, а со поддршка од Фондацијата Калеви Сорса од Финска. 

„За да ја заштитиме демократијата мора да се спротивставиме на популистичките политики и да работиме на зајакнување на институциите кои ќе обезбедат еднаквост и праведност за сите. Политичарите мора да ги тргнат рацете од судството за да се видат вистински резултатите од работењето”, порача на панел дискусијата „Популизам vs. Демократија: Ерозија на институциите и владеењето на правото”, поранешната судијка на Европскиот суд за човекови права во Стразбур Маргарита Цаца Николова,.

Ивршниот директор на Прогрес Институтот Марко Михаилоски, рече дека треба да се изнајдат конкретни решенија за надминување на предизвиците што ги носи популизмот за демократиите.

Според проектната менаџерка во Фондацијата Калеви Сорса Јелена Симиќ, промените во општеството мора да се случат преку ангажман, со нови идеи, а не преку криза.

„Ако се анализираат причините за порастот на десничарскиот популизам, од суштинско значење е да се размисли и за улогата на либералните конзервативци зошто го овозможија тоа и дали тоа е така затоа што левицата не успеала да се позиционира како сигурен партнер“, рече Симиќ.

На првата панел-дискусија Политичката динамика на десничарскиот популизам во Европа и Западен Балкан” учество зедоа проф. д-р Јаник Лахти од Финска, претседателката на мрежата за родова еднаквост на ЦИЕ Хрватска Даша Силовиќ и уредникот за надворешна политика на телевизија 24 Сеад Ризвановиќ. На вториот панел „Популизам vs. Демократија: Ерозија на институциите и владеењето на правото” покрај поранешната судијка на Европскиот суд за човекови права во Стразбур Маргарита Цаца Николова, излагања имаа и претседателот на Центарот за современи вештини од Србија, Милош Ѓајиќ и експертот за социјални прашања, Душан Томшик.  

На третата панел дискусија „Улогата на социјалните медиуми и лажните вести во зајакнувањето на популистичките наративи” говореа главниот и одговорен уредник на Вистиномер Владимир Петрески, специјалистот за комуникации Марјан Забрчанец, пратеникот во Парламентот на Финска Пинја Перхолехто, како и пратеничката во македонското собрание Славјанка Петровска.

Петрески рече дека многу е важна проверката на факти, но мора многу да се работи на медиумската писменост на граѓаните и на младите лица.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни