Прогласен најубав град во светот: Поубав од Венеција и Лондон

Според глобално истражување спроведено од Online Mortgage Advisor, Честер во Велика Британија е прогласен за најубав град во светот.

Врз основа на критериуми како архитектура, пропорции и урбана структура, Честер постигнал 83,7% на „златниот пресек“, оставајќи зад себе градови како Венеција и Лондон.

Честер беспрекорно ја комбинира историската и модерната архитектура, претставена преку култни знаменитости како Честерската катедрала, најголемиот римски амфитеатар во Британија и најстариот хиподром во земјата.

Што да се види во Честер
Според NDTV, најдобро е да се прошетате по најцелосните римски и средновековни градски ѕидини во Британија. Кружната патека долга три километри нуди уникатен и величествен поглед на градот, реката Ди и другите знаменитости. Катедралата е неизоставен дел од посетата, со својата импресивна архитектура, витражи и уметност, а од нејзината кула се отвора панорамски поглед на градот.

Честер Роуз е заштитен знак на градот – двоспратни средновековни згради со дрвени рамки од 13 век, во кои се сместени бројни кафулиња и продавници. Посетата на Римскиот амфитеатар е една од главните атракции, а градот нуди и голем Зоолошки парк, еден од најголемите во Велика Британија и водечка организација за заштита на природата, дом на преку 21.000 животни од 500 различни видови.

Најдобро време за посета
Најповолно време за посетa на Честер е во пролет (април-мај) и лето (јуни-август), кога времето е благо и пријатно, идеално за разгледување историски знаменитости, прошетки по римските ѕидини и активности на отворено како посета на Зоолошкиот парк или прошетка по реката Ди. Есен (септември-октомври) е исто така одлична сезона со пријатни температури и помалку туристи, додека зимата (ноември-февруари) нуди тивка атмосфера и празнични пазари, иако некои атракции можат да работат со ограничено време.

Извор: N1info.rs

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни