Прогласен е Светскиот автомобил на годината

Одлуката ја донесе стручна комисија составена од 96 меѓународни автомобилски новинари од 30 земји. Со оваа победа, Kia во последните пет години шест пати триумфира на World Car Awards, што го потврдува статусот на брендот како еден од лидерите во електричната мобилност

По минатогодишниот триумф на големиот SUV модел Kia EV9, титулата Светски автомобил на годината 2025 сега ја освои неговиот помал „брат“ – Kia EV3, моментално најмалиот електричен модел од јужнокорејскиот производител.

Во финалето на овогодишното доделување на наградата, EV3 ги надмина своите директни конкуренти BMW X3 и Hyundai Inster, и на саемот за автомобили во Њујорк беше прогласен за јасен победник.

„Голема чест ни е што EV3 ја доби титулата World Car of the Year 2025. Оваа награда ја потврдува водечката глобална позиција на Kia во дизајнирање на технолошки напредни и одржливи решенија за мобилност, и покажува како EV3 го редефинира корисничкото искуство за купувачите ширум светот,“ – изјави Хо Сунг-Сонг, претседател и извршен директор на Kia.

Одлуката ја донесе стручна комисија составена од 96 меѓународни автомобилски новинари од 30 земји. Со оваа победа, Kia во последните пет години шест пати триумфира на World Car Awards, што го потврдува статусот на брендот како еден од лидерите во електричната мобилност.

Иако на изборот за Европски автомобил на годината EV3 изгуби од новиот Renault 5, предноста на корејскиот модел е неговата глобална достапност. Моделот нуди водечки досег до 605 километри, а батеријата се полни од 10 до 80 проценти за само 31 минута.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни