Светската недела за доење се одржува секоја година од 1 до 7 август кога се преземаат активности за промоција на доењето и исхраната со мајчиното млеко и значењето за бебето да биде на исхрана со мајчино млеко. Оваа недела во сите земји активностите се насочени за подигање на свеста за доењето но и да се објасни на сите идни мајки или тазе доилки со кои се предизвици може да се соочат и кого треба да побараат за помош и поддршка доколку сакаат да продолжат со доењето. Активностите од сите земји во светот се вмрежуваат во една мрежа организирани од WABA кои се и иницијатори на Светската недела на доењето.
Тема за 2024 – Премостуваме разлики, поддршка за сите
Секоја година има различна тема за да може да фатиме по некој правец во однос на едукациите коишто се одржуваат или темите произлегуваат од искуството и работата со мајките во текот на годината, на што посебно треба да се стави акцент. Оваа година сосема случајно ни произлезе идејата да ставиме акцент на погрешни информации кои ги добиваат мајките на социјалните медиуми и на интернет страниците кои што можат да ги наведат на престанок на доењето или воопшто да не почнат да дојат, како и некои поспецифични теми како што е подврзано јазиче, колкав треба да биде прирастот на децата бидејќи тоа е она што ги окупира мајките најмногу во првиот месец, истакнува сестра Јасна.
„Бебелогија“, школото за трудници и доење и едукативната страница „Доење со љубов“ веќе четврта година по ред организира настани за одбележување на неделата за доење во нашата земја. Од година во година интересот за присуство на сите работилници без разлика дали се онлајн или со физичко присуство е се поголем. Оваа година имаме и онлајн работилници и работилници со физичко присуство така што сме доста задоволни од интересот, што значи и во нашата земја како и секаде во светот сме сите исти и на доилките им е потребна стручна помош и поддршка и едукација во текот на бременоста за да имаме една успешна заедничка приказна, истакнува сестра Јасна.
Најголеми заблуди за доењето
Како да избегнам употреба на силиконски брадавици е тема која беше побарана од нашите следачки на инстаграм, значи за тоа треба да бидат добро едуцирани за да можат да се справат со тоа бидејќи во родилиштата ги советуваат веднаш да стават силиконски брадавици.
Доењето трае до еден час до една година на детето – тоа е мит. Подоите се долги само на почетокот во првиот месец додека се развива лактацијата.
Дали подврзаното јазиче пречи или не пречи на доењето?
Колку треба да биде прирастот во првиот месец?
Колку треба да внесува едно бебе мајчино млеко за време на еден подој?
Тоа се некои работи со кои доилките се борат првиот месец и целта на едукациите е да им дадат вистински насоки и совети за да не направат некоја грешка.
Која е стапката на доилки и ексклузивно доење?
Ако ја погледнеме глобалната карта која статистички покажува по држави, процентуално во нашата земја процентот на ексклузивно доење и доени деца е многу мал. Она што мене ме радува е што јас последните 11 години работам во ординација по педијатрија, значи моето исуство покажа дека на почетокот кога почнав да работам имаше многу малку мајки кои што доеја а во последните 5 години тој процент е многу погоре. Тука можам да додадам дека мојата работа како консултант за доење и индивидуалните консултации и помошта која им ја давам на пациентите во ординација многу придонесува да се зголеми таа стапка на доење бидејќи навистина им треба помош, навистина им треба поддршка, тоа се стручни совети, доењето е една наука и иако е спонтан природен физиолошки процес сепак наидуваме на многу потешкотии кои за да ги надминат им треба стручно лице и мене ме радува што сум придонела барем за малку во нашата држава да се зголеми процентот на доени деца, вели Јасна Апостолски – Николов, дипломирана медицинска сестра, Меѓународен консултант за доење – IBCLC, Сертифициран едукатор за психофизичка подготовка на трудници.
Доењето не претставува само момент кога бебето се храни, значи дојката е една комфорт зона за било каква непријатност, било каква болка, за било каков страв, градата е место која го смирува бебето, овозможува една огромна емотивна конекција меѓу мајката и бебето што има позитивни придобивки и за бебто и има позитивни придобивки и за мајката.