Вечерва е привремено е прекинат целиот воздушен сообраќај на меѓународниот аеродром Брисел-Завентем, најпрометниот аеродром во Белгија, откако над просторот на аеродромот биле забележани дронови, соопштија белгиските власти.
„Во моментов нема полетувања ниту слетувања поради сомневање за присуство на дронови над пистите“, изјави портпаролот на компанијата „Brussels Airport“ за новинската агенција AFP.
Мерки на претпазливост и проширување на забраната
Како мерка на претпазливост, привремено се обуставени и летовите на аеродромот Шарлроа, вториот по големина во земјата, додаде портпаролот.
Белгиските воздухопловни власти истакнаа дека безбедноста на патниците и екипажите е приоритет, и дека се врши полицијска и техничка проверка за потврда на инцидентот.