Приведен жител на Црнилиште поради незаконско користење на оружје

Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека е приведен 51-годишен жител на селото Црнилиште, Општина Долнени, поради пукање од оружје, момент кој бил забележан и споделен на Фејсбук.

Полицијата извршила претрес во неговиот дом и пронашла три парчиња оружје што тој ги поседувал со дозвола – ловна пушка, репетирачки карабин и полуавтоматски пиштол. Покрај оружјето, биле откриени и 395 куршуми различен калибар, 17 патрони и еден ресивер поврзан на видеонадзор.

Одземеното оружје ќе биде предмет на понатамошна истрага, а на осомничениот му е привремено одземена дозволата за оружје.

Полицијата продолжува со активностите за пронаоѓање на неговиот син, А.Ќ., и за расчистување на случајот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни