Приведен Брајан Брковиќ: Одредено му е полициско задржување

Активистот и член на движењето „Браво“, Брајан Брковиќ, е уапсен попладнево кај Факултетот за спорт и физичко образование во Нови Сад, и му е одредено полициско задржување до 24 часа.

Неговиот адвокат, Александар Шорак, за агенцијата Бета потврди дека Брковиќ во моментов се наоѓа во притвор во Врбас.

„Обвинет е за прекршок според член 22 од Законот за јавен ред и мир. Веројатно утре ќе биде изведен пред судија за прекршоци тука во Нови Сад“, изјави Шорак.

Според решението за задржување, Брковиќ може да биде задржан најдолго 24 часа.

Шорак прецизираше дека полицијата прво го застанала Брковиќ и го повикала да оди на информативен разговор за прекршок за кој не му биле дадени дополнителни информации. Откако одбил, полицајците се консултирале телефонски и потоа му донеле покана да се јави во станица како граѓанин.

„Кога повторно одбил, се вратиле со истиот документ, каде што со пенкало била пречкртана ознаката ‘граѓанин’ и над тоа рачно напишано ‘обвинет’. Откако и тоа го одби, полицијата го привела со употреба на сила и го одвела во Полициската испостава Стари Град“, додаде адвокатот Шорак.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни