Долго време се шпекулира за нестабилната врска меѓу принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, чиј брак често се опишува само како брак на хартија.
Потегот на наследникот на круната да ја вработи канцеларијата со која заврши бракот на неговите татко и мајка, многумина го толкуваат како одлука да се стави крај на бракот со принцезата од Велс.
Адвокатската канцеларија на Мишкон ја застапуваше принцезата Дијана за време на нејзиниот многу бурен развод со принцот Чарлс, кој беше финализиран во 1996 година.
Откако принцезата загина во сообраќајна несреќа во Париз во 1997 година, заедно со Доди Ал-Фајед и возачот Анри Пол, лордот Мишкон ѝ ги предал на полицијата своите белешки од средбата со Дијана, кои ги напишал веднаш по нивната средба.
Белешката била ставена на безбедно место, но не била предадена на француските власти кои ја истражуваа несреќата. Тој го направил тоа шест години подоцна.
Братот и сестрите на принцезата Дијана не ни знаеле за постоењето на оваа белешка повеќе од десет години по нејзиното создавање. Принцот Вилијам и принцот Хари исто така долго време живееле во незнаење.
На состанокот на полициските началници одржан еден месец по смртта на Дијана, лордот Мишкон, кој почина во 2006 година, ја прочитал својата белешка на глас за да ја нагласи нејзината важност.
Во неа, тој истакнал дека Дијана рекла дека верува оти „ќе има обид, ако не да ја убијат, во сообраќајна несреќа, со однапред наместено откажување на сопирачките, тогаш барем да биде повредена или оштетена до степен да биде прогласена за ментално нестабилна“.
Во неверојатен пресврт, сега е откриено дека принцот Вилијам повторно им се обратил на поранешните адвокати на Дијана.
Тој ја најмил адвокатската канцеларија „Мишкон де Реј“ да го застапува него и неговото семејство – што претставува прекин со претходната традиција.
„Вилијам сакаше да тргне по својот пат. Тој не сакаше да продолжи да ги користи адвокатите на неговиот татко. Тој едноставно сакаше да биде свој човек“, изјавил за Daily Mail извор близок до принцот од Велс.
Портпаролот на палатата Кенсингтон одби да го коментира овој потег.
Ако ги земеме предвид шпекулациите дека кралот Чарлс е на страната на Кејт Мидлтон и дека двајцата имаат таен договор за нејзиниот иден статус во земјата и дека Вилијам веќе не работи со адвокатите кои го застапуваа неговиот татко со децении и ги зеде оние кои беа на страната на Дијана во разводот, само погласни стануваат шпекулациите дека принцот и принцезата од Велс наскоро би можеле да тргнат по својот разделен пат.