Принцот Хари во посета на Киев – најави донација од 500.000 долари за децата од Газа и Украина

Принцот Хари со неочекувана посета на Киев ја привлече вниманието на светската јавност, најавувајќи хуманитарна донација за децата погодени од конфликтите во Украина и Газа.
Фото: DoD News Features, CC BY 2.0, via Wikimedia Commons

Принцот Хари, војводата од Сасекс, неочекувано ја посети украинската престолнина Киев, јавува CNN.

Според извештајот на The Guardian, Хари ја посетил Украина по покана од украинската влада, а со својата фондација „Invictus Games“ ќе спроведува активности за поддршка на рехабилитацијата на ранетите Украинци.

Ова не е прва посета на принцот Хари во Украина – во април годинава тој престојуваше во западниот град Лавов, каде се сретна со жртви на војната.

Пред да пристигне во Украина, Хари престојувал и во Велика Британија, каде по 19 месеци се сретнал со својот татко, кралот Чарлс III.

Од неговата канцеларија беше соопштено дека фондацијата на принцот ќе донира 500.000 долари за поддршка на децата погодени од воените конфликти во Газа и Украина, објави Reuters.

Извор: N1info.rs

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни