Примирјето на раб на колапс: Израел го бомбардира Либан, спор околу Ормускиот теснец

И покрај договореното примирје меѓу САД, Израел и Иран, борбите продолжуваат, а тензиите околу Ормускиот теснец дополнително ја влошуваат ситуацијата

Кревкото двонеделно примирје меѓу САД Израел и Иран е сериозно доведено во прашање уште во првите денови од неговото спроведување откако борбите повторно ескалираа на повеќе фронтови на Блискиот Исток. Израелските одбранбени сили Израелски одбранбени сили започнаа масовни напади врз цели на Хезболах во Либан при што во Бејрут и други градови загинаа повеќе од 250 цивили а стотици се повредени додека спасувачките екипи сè уште трагаат по луѓе под урнатините.

Истовремено Иран изврши ракетни напади врз цели во Саудиска Арабија Обединети Арапски Емирати и Кувајт што дополнително ја зголеми регионалната нестабилност и ги доведе во прашање шансите за деескалација. Главниот спор се однесува на тоа дали Либан бил дел од договорот за примирје додека Техеран тврди дека прекинот на огнот важи за сите фронтови Бенјамин Нетанјаху и Доналд Трамп го негираат тоа и истакнуваат дека операциите против Хезболах продолжуваат.

Дополнителна конфузија предизвикуваат спротивставените информации за Ормуски теснец каде иранската Револуционерна гарда тврди дека теснецот повторно е затворен додека Белата куќа тоа го отфрла како лажна вест и уверува дека поморскиот сообраќај не е прекинат. Целокупната ситуација покажува дека и покрај формалниот договор ризикот од поширок регионален конфликт останува висок а довербата меѓу страните е сериозно нарушена што го прави примирјето исклучително нестабилно

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни