Приказната за шкорпиите

Предавачот Leo Laborieux e магистер по Еволуциска биологија и до сега има откриено три нови видови скорпии

Истажувачкото друштво на студенти биолози, пред почетокот на новиот семестар организира интересно предавање за шкорпиите, кое ќе се одржи во понеделник на 23 септември во 17 часот во Болошкиот Амфитеатар.

,,На предавањето од страна на м-р Leo Laborieux ќе дознаете како и покрај тоа што би имале ограничени ресурси, би можеле да придонесете во науката” велат организаторите.

Leo Laborieux e магистер по Еволуциска биологија и до сега има откриено три нови видови скорпии.

Предавањето ќе биде на англиски јазик.

Најново

Последни колумни