Кабелот што пукна при смртоносната несреќа со желзницата во Лисабон минатиот месец не ги исполнувал неопходните спецификации, според прелиминарниот извештај од истрагата.
Според соопштението на Канцеларијата за спречување и истрага на воздухопловни и железнички несреќи (GPIAAF) објавено во понеделникот, типот на кабел кој се користи од 2022 година не бил сертифициран за транспорт на патници, ниту пак бил соодветен за употреба во фуникулари.
Шеснаесет загинати, 21 повреден
Во несреќата на 3 септември, животот го загубија 16 лица, а 21 лице беше повредено, некои од нив тешко.
Несреќата се случи на желзницата Глорија, кој во својата сегашна форма датира од 1914 година. Се состои од два жолти вагони кои наизменично се движат нагоре и надолу преку систем со противтежа.
На денот на несреќата, еден од вагоните се симнувал по стрмната улица Calçada da Glória, кога излетал од шини во кривина и удрил во зграда.
Завршниот извештај се очекува за една година
Официјалниот, финален извештај за причината на несреќата се очекува во текот на следната година, соопшти GPIAAF.
Овој фуникулар е една од најпознатите туристички атракции во Лисабон, но секојдневно го користат и локалните жители. Изграден е во Германија во 19. век и секоја година превезува околу 3 милиони патници.
Досега немало ниту една слична несреќа на ниту еден од трите фуникулари во Лисабон.