Претставници на Е3, ЕУ, САД и Украина денес во Женева на разговори за американскиот мировен предлог

Е3, ЕУ, САД и Украина се среќаваат во Женева за американскиот мировен план за Украинa. Клучни дипломатски разговори без присуство на Русија.

Претставници на Франција, Германија и Обединетото Кралство – групата позната како Е3 – денес во Женева ќе се сретнат со делегации од Европската унија, САД и Украина за да разговараат за американскиот предлог за мир во Украина, соопштија официјални извори, пренесе Ројтерс.

Состанокот ќе се одржи на ниво на советници за национална безбедност и претставува уште една рунда интензивирани дипломатски напори во обид да се најде заеднички став околу предлог-планот што го предлага Вашингтон.

Според извор од германската влада, европската верзија на мировниот документ – направена врз основа на американскиот предлог – веќе е испратена до Киев и до администрацијата на САД.

Американски претставник потврди дека специјалниот пратеник Стив Виткоф и државниот секретар Марко Рубио денес пристигнуваат во Женева за разговорите. Истовремено е потврдено дека Русија нема да учествува на средбата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни