Во интервју за американската телевизиска мрежа CNN, Нобоа изјави дека анализите покажале присуство на три хемиски соединенија во високи концентрации, додавајќи дека нивното присуство „не може да биде случајно“. „Поднесовме пријава и доставивме докази – концентрацијата на трите хемикалии пронајдени во слатките“, рече тој.
Ова е втор пат во последниот месец владата да поднесе кривична пријава за обид за атентат врз претседателот. Првиот случај беше на почетокот на октомври, кога властите тврдеа дека автомобилот во кој се наоѓал Нобоа бил мета на напад – навод што не беше официјално потврден.
Настанот се случува во време на интензивни протести на домородните заедници, кои од средината на септември протестираат против владината одлука за укинување на субвенциите за дизел гориво. Демонстрациите предизвикаа блокади на патишта и судири со полицијата во неколку провинции низ земјата, зголемувајќи ја политичката напнатост во Еквадор.
Според владата, истрагата за наводниот обид за труење е во тек.
Извор: N1info.rs
