Претседателот на Египет оцени дека во Појасот Газа се случува војна на истребување

Египетскиот претседател Абдел Фатах ел-Сиси денеска ја осуди тековната „војна на глад и геноцид“ во Појасот Газа, истовремено отфрлајќи ги обвинувањата дека Египет го спречува влезот на хуманитарна помош преку граничниот премин Рафах.

„Тековната војна во Газа повеќе не е војна за постигнување политички цели или ослободување на заложници“, рече Сиси на прес-конференција со неговиот виетнамски колега Луонг Куонг.

Сиси додаде дека војната одамна ја надминала „секоја логика или оправдување и станала војна на глад и геноцид, како и средство за истребување на палестинското прашање“.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху претходно денеска изјави дека Израел мора целосно да го порази Хамас во Појасот Газа за да обезбеди ослободување на заложниците. Според израелските медиуми, армијата би можела да оди дотаму што ќе го окупира целиот Појас Газа. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни