Преку 100 лица загинаа во демонстрациите во Мозамбик

Повеќе од 100 луѓе, вклучително и деца, беа убиени во демонстрациите во Мозамбик што траеја речиси два месеци, соопштија граѓанските организации.

Опозицијата денеска повика на нови демонстрации против, како што велат, наместеното гласање организирано од владејачката партија.

Причина за демонстрациите беше убиството на двајца опозиционери на 18 октомври годинава, а сторителите не се познати.

Убиствата, за кои опозицијата тврди дека биле политички мотивирани, ги зголемија тензиите по спорните претседателски избори на 9 октомври.

Илјадници луѓе излегоа на улиците во знак на протест против владеењето на партијата Фрелимо, која е на власт во Мозамбик речиси половина век.

Од 21 октомври, 110 луѓе се убиени во демонстрациите, според Платаформа Елеиторал Дисајд (Eleitoral Decide), група на граѓанско општество во Мозамбик која ги следи изборите.

Меѓународната организација за човекови права Амнести Интернешнл ја потврди бројката на загинати и вчера соопшти дека тие се меѓу вкупно 357-те лица кои биле застрелани од безбедносните сили за време на протестите.

Повеќе од 3.500 луѓе беа произволно уапсени, соопшти Амнести.

Групите за права ги критикуваа властите во Мозамбик за, како што го нарекуваат бруталното задушување на она што почна како мирни антиизборни протести.

Меѓународните набљудувачи, исто така, пријавија нерегуларности при гласањето.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни