Преговорите меѓу САД и Иран завршија неуспешно, нема договор за иранската нуклеарна програма

САД неодамна побараа од иранската влада целосно да го прекине збогатувањето ураниум, што Вашингтон го смета за неопходна мерка за спречување на Техеран да развие нуклеарно оружје.

Соединетите Американски Држави и Иран завршија уште еден круг преговори за иранската нуклеарна програма без напредок.

Разговорите во Рим, со посредство на заливската држава Оман, завршија по приближно три часа, објави омандскиот министер за надворешни работи Бадр ал-Бусаиди во петокот на социјалната мрежа X.

„Петтиот круг на преговори меѓу Иран и САД денес заврши во Рим со одреден, но не и конечен напредок“, напиша ал-Бусаиди. „Се надеваме дека во наредните денови ќе ги разјасниме преостанатите прашања за да можеме да се движиме кон заедничката цел — постигнување одржлив и чесен договор“, додаде тој.

САД неодамна побараа од иранската влада целосно да го прекине збогатувањето ураниум, што Вашингтон го смета за неопходна мерка за спречување на Техеран да развие нуклеарно оружје.

Техеран тоа го отфрла, но е подготвен повторно да го ограничи својот нуклеарен програм и да дозволи построги контроли. Продолжува да тврди дека нуклеарната програма е целосно наменета за цивилна употреба.

Експертите ја сметаат оваа централна точка на спорот како клучно прашање дали преговорите ќе пропаднат или ќе успеат.

Извор Hina

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни