Познатите чевли со рубини од „Волшебникот од Оз“ продадени на аукција за 28 милиони долари

Аукциската куќа „Херитидж Аукшнс“ процени дека ќе добие за чевлите три милиони долари или повеќе, но таа сума беше надмината вчера за неколку минути

Парот култни чевли со рубини што ги носеше Џуди Гарланд во „Волшебникотод Оз“, а кои беа украдени од музеј пред скоро две децении, беа продадени на аукција за 28 милиони долари. Аукциската куќа „Херитидж Аукшнс“ процени дека ќе добие за чевлите три милиони долари или повеќе, но таа сума беше надмината вчера за неколку минути, пренесе АП.

Со хонорар за аукциската куќа со седиште во Далас, непознатиот купувач ќе плати на крај 32,5 милиони долари.

Блескавите чевли беа изложени во Музејот на Џуди Гарланд во нејзиното родно место Гранд Рапидс во Минесота во 2005 година, кога Тери Џон Мартин со чекан го разбил стаклото на вратата на музејот и витрината во која се наоѓаа.

Мартин, кој сега има 77 години и живее близу Гранд Рапидс во северниот дел на американската сојузна држава Минесота, не беше јавно откриен како крадец на чевлите сè додека не беше обвинет во мај 2023 година. Тој ја призна вината во октомври 2023 година.

Беше во инвалидска количка и на кислород кога беше осуден на време во притворот минатиот јануари поради лошото здравје. Неговиот адвокат, Дејн ДеКреј, објаснил пред изрекувањето на пресудата дека Мартин, кој имал долга историја на провали и кражби, се обидел да изведе последна кражба откако неговиот стар соработник поврзан со мафијата му рекол дека чевлите сигурно се украсени со вистински драгоцени камења за да ја оправдаат нивната осигурена вредност од милион долари. Сепак, лицето кое купувало украдени стоки му рекло подоцна дека рубините се само стакло, изјави ДеКреј и додаде дека Мартин се ослободил од чевлите.

Не прецизираше како. Џери Хал Салитерман (77), кој наводно ги купил украдените работи, од предградието на Минесаполис Кристал, беше обвинет во март. Тој исто така беше во инвалидска количка и на кислород кога првпат се појави пред судот.

Чевлите беа вратени во февруари на колекционерот на сувенири Мајкл Шоу, кој ги позајмил на музејот.

Тие беа еден од неколкуте пара кои Гарланд ги носела за време на снимањето, но се знае дека само четири пара преживеале. Во филмот, за да се врати од Оз во Канзас, Дороти морала три пати да ги удри петиците и да повтори: „Нема место како што е дома“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни