Познати причините за експлозијата во Иран во која има најмалку 25 мртви и 800 повредени

Сведоци, цитирани од државните медиуми, рекле дека експлозијата се случила откако пожар избувнал и се проширил на неправилно затворени контејнери во кои имало запаливи материјали. Царински службеници објавиле дека експлозијата најверојатно е резултат на пожар што избувнал во складиште со опасни и хемиски материјали.
epa12056207 A video grab made available by the official website of Iranian state TV Islamic Republic of Iran Broadcasting (IRIB) shows smoke rising at Rajaie port, in city of Bandar Abbas, southern Iran, 26 April 2025. Iranian state media reported several injuries in an explosion at the port, but authorities have not yet announced the cause. EPA-EFE/IRIB HANDOUT -- MANDATORY CREDIT -- BEST QUALITY AVAILABLE -- HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Властите соопштија дека најмалку 25 лица загинале, а 800 се повредени во голема експлозија во една од клучните ирански пристаништа. Експлозијата се случила во пристаништето Шахид Раџаи, најголемото иранско трговско пристаниште, во близина на јужниот град Бандар Абас, во саботата наутро. Според државните медиуми, шест лица сѐ уште се водат како исчезнати.

Експлозијата ги разнела прозорците и крововите на околните згради и уништила автомобили. Жителите изјавиле дека ја почувствувале детонацијата дури на 50 километри оддалеченост.

Видеоснимки потврдени од BBC прикажуваат пожар што постепено се засилувал пред огромната експлозија, по што луѓето почнале да бегаат, додека некои останале повредени на патиштата, опкружени со чад и остатоци. „Целото складиште беше исполнето со чад, прашина и пепел. Не се сеќавам дали сам се скрив под масата или експлозијата ме фрли таму“, изјавил еден сведок за иранската државна телевизија.

Снимки од воздух покажуваат најмалку три подрачја во пламен, а иранскиот министер за внатрешни работи подоцна потврдил дека пожарот се шири од еден контејнер на друг. Училиштата и канцелариите во регионот добиле наредба да останат затворени во недела.

Приватна консултантска компанија за поморски ризици изјавила дека верува оти погодените контејнери содржеле цврсти горива наменети за балистички ракети. Според Ambrey Intelligence, пожарот настанал поради „неправилно ракување со пратка наменета за ирански балистички ракети“.

Ambrey дополнително навела дека располага со информации дека ирански брод во март 2025 истоварил пратка натриум перхлорат – гориво за ракети – токму во таа лука. Financial Times претходно објави дека две бродови донеле такво гориво во Иран од Кина.

Сведоци, цитирани од државните медиуми, рекле дека експлозијата се случила откако пожар избувнал и се проширил на неправилно затворени контејнери во кои имало запаливи материјали. Царински службеници објавиле дека експлозијата најверојатно е резултат на пожар што избувнал во складиште со опасни и хемиски материјали.

Подоцна, Ambrey ја цитираше Националната организација за управување со катастрофи на Иран, која навела дека веќе претходно ја предупредиле пристанишната управа на потребата од безбедно складирање хемикалии.

Пристаништето Шахид Раџаи е најголемо и најсовремено во Иран, низ кое поминува голем дел од иранскиот трговски морски сообраќај. Се наоѓа во Хормушкиот Теснец – главниот пловен пат за танкери со нафта – околу 20 километри западно од Бандар Абас, најголемиот ирански пристанишен град и седиште на главната база на Иранската морнарица.

Иранската државна нафтена компанија изјавила дека експлозијата „нема врска“ со нафтените рафинерии, резервоарите за гориво и нафтоводите, пренесуваат локалните медиуми. Претседателот Масуд Пезешкијан изразил „длабоко жалење и сочувство“ до жртвите и најавил владина истрага, испраќајќи го министерот за внатрешни работи да ја води на теренот.

Експлозијата се случила во исто време кога ирански и американски претставници одржале нова рунда преговори за иранската нуклеарна програма. Целта на американскиот претседател Доналд Трамп е да се постигне договор со кој ќе се спречи Техеран да развие нуклеарно оружје.

Со посредство на Оман, двете страни известиле за напредок, но иранскиот главен преговарач изјавил дека сѐ уште постојат разлики кои треба да се надминат. Преговорите ќе продолжат следната недела.

Иран изјавил дека е подготвен на ограничувања на својот нуклеарен програм во замена за укинување на санкциите, но инсистира дека нема да го прекине збогатувањето на ураниумот. Техеран тврди дека неговата нуклеарна програма има исклучиво цивилна цел.

Овогодишните преговори претставуваат прв директен контакт на високо ниво помеѓу САД и Иран од 2018 година, кога Трамп го повлече САД од претходниот нуклеарен договор и повторно воведе економски санкции.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни