Познатата Саманта тајно се омажи на 70 години: „Четврта среќа“ со 14 години помладиот партнер

Според информациите на People, парот не сакал раскошна прослава ниту медиумско внимание, па затоа ја организирале церемонијата во Лондон, во присуство на само 12 гости

Ѕвездата на серијата „Секс и град“, Ким Картрал (69), стапи во брак со својот долгогодишен партнер Расел Томас (55), а за венчавката официјално не сакала да се огласи.

Според информациите на People, парот не сакал раскошна прослава ниту медиумско внимание, па затоа ја организирале церемонијата во Лондон, во присуство на само 12 гости. Така ја крунисале својата љубов која од самиот почеток ја чувале подалеку од јавноста.

Елегантна венчавка, далеку од очите на јавноста

За овој специјален ден, Картрал избрала Dior комплет опишан како „тих, ненаметлив и суптилен“, со што ја задржала препознатливата елеганција. Стилизирањето го направила нејзината пријателка Патриша Филд – легендарната костимографка од сетот на култната серија. Во своето издание Ким додала и фасцинатор.

Младоженецот блеснал во класично одело, со беспрекорен стил за кој се погрижил Ричард Џејмс.

Како се запознале Ким и Расел?

Ким Картрал и Расел Томас се запознале во 2016 година, кога таа гостувала во една епизода од „Woman’s Hour“ на BBC, каде што Расел работел како тонак. Иако речиси ништо не е познато за нивната приватна врска, се знае дека многу брзо сфатиле колку се слични.

„Тој е вистински шегобиец. Со него се чувствувам прекрасно, а и пријатно е да се гледа,“ изјавила Ким во една прилика.

Четврт брак – можеби вистинската љубов?

Ова е четврти брак за Картрал. Првиот сопруг ѝ бил Лери Дејвис (1977–1979), потоа седум години била со Андре Лион, а со третиот сопруг Марк Левинсон била во брак од 1998 до 2004 година.

Можеби вистинската љубов ја пронашла дури сега – на прагот на осмата деценија од животот – со 14 години помладиот Расел Томас.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни