Познатата глумица Далис Кари настрада во пожарот во Лос Анџелес. Според известувањето на „Дејли мејл“, нејзиното тело било пронајдено во нејзиниот дом во Алтадина, кој изгорел до темел. Тажната вест ја потврди и нејзината фамилија.
Како што било објавено на социјалните мрежи, една од нејзините правнуки напишала: „Пред околу еден час, патологот потврди дека нејзиното тело било пронајдено на имотот.“
Глумицата, позната по улогата на Мама Ди, имала 95 години и веќе била во пензија. Се појавила во филмовите како што се „Десет заповеди“ и „Браќата Блуз“, а играла и во „Дама пее блуз“.