Украина во текот на ноќта изврши нов напад со дронови на руска територија при што биле погодени неколку објекти од клучната инфраструктура.
Во рафинеријата за нафта во Кириќи, на северозападот на Русија, избил пожар по пад на остатоци од соборен дрон, соопшти гувернерот на Ленинградската област, Александар Дрозденко.
Тој потврдил дека пожарот е изгаснат и дека нема повредени.
Рафинеријата „Кинеф“ на „Сургутнефтегаз“ во Кириши е една од двете најголеми рафинерии во Русија.
Преработува околу 17,7 милиони метрички тони годишно (355.000 барели дневно) руска сурова нафта, или 6,4 проценти од вкупната количина во земјата