Пријавата за пожарот била примена синоќа во 22:38 часот, по што на местото интервенирале пожарникари од Јавната противпожарна единица „Дубровачки пожарникари“ со три возила. Пожарот бил локализиран околу 23 часот, а целосно изгаснат околу 1 часот по полноќ.
Во пожарот целосно изгореле приземјето и покривната конструкција на куќата. За време на интервенцијата, во приземниот дел од објектот било пронајдено изгорено тело на машка личност.
Полициските службеници веднаш извршиле увид на местото, а по наредба на жупанискиот државен обвинител, телото било пренесено на Одделението за патологија во дубровничката болница. Таму ќе биде извршена обдукција со цел утврдување на идентитетот на починатото лице и точната причина за смртта.
Полицијата утрово, во соработка со противпожарен инспектор, продолжила со увидот, при што било утврдено дека причината за пожарот е од техничка природа. За сите утврдени околности ќе биде доставен извештај до Жупаниското државно обвинителство во Дубровник.
Извор: Index.hr
