Пожар на самитот COP30, 13 лица добија медицинска помош поради вдишување на чад

Presidente da República, Luiz Inácio Lula da Silva, durante a fotografia oficial da Cúpula do Clima (COP30). Parque da Cidade – Belém (PA) Foto: Ricardo Stuckert / PR

Тринаесет лица добија медицинска помош поради вдишување на чад откако избувна пожар на местото каде се одржува COP30 во Белем, Бразил, соопштија организаторите во изјава.

„Подоцна денеска избувна пожар во Сината зона на местото каде се одржува COP30 во Белем. Пожарникарската служба и безбедносните тимови на ОН реагираа брзо, а пожарот беше ставен под контрола за околу шест минути. Луѓето беа безбедно евакуирани“, се вели во соопштението.

„Тринаесет лица добија помош на лице место поради вдишување на чад. Нивната состојба се следи и им е обезбедена соодветна медицинска помош.“

На разговорите на ОН за климата присуствуваат илјадници луѓе, вклучително и членови на делегации од целиот свет.

Пожарот кој избувна на локацијата COP30 во Белем е „под контрола“, изјави бразилскиот министер за туризам, Селсо Сабино, додавајќи дека нема повредени.

„Пожарот е веќе под контрола, пожарникарите од сојузната држава Пара се на местото на настанот“, рече министерот за бразилската телевизија, неколку минути по евакуацијата на местото на одржување на меѓународната конференција за клима која треба да заврши в петок.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни