Повторно гори старата депонија Вардариште, еколошка бомба на чекор од густо населениот дел на Скопје. Жителите на општина Аеродром веќе трет ден по ред го блокираат пристапот до депонијата во обид да привлечат внимание и да спречат натамошно депонирање отпад. Сепак, реакцијата од надлежните служби изостанува, а состојбата ескалира.
Граѓаните се оставени сами на себе, додека токсичниот чад се шири низ Скопје, загрозувајќи го здравјето на илјадници жители.
Аеродромци бараат итна интервенција и трајно решение за депонијата, која со години наназад претставува извор на загадување и опасност. Протестите и блокадите ќе продолжат, велат тие, сè додека не се преземе конкретна акција.