Повредените пациенти во пожарот во Кочани, вечера вечер и утрово се пренесуваат од болниците во Кочани и Штип во Комплексот клиники во Скопје. Возила на итната меддицинска помош со полициска придружба ги пренесуваат пациентите на хируршките клиники каде ќе продолжи нивното лекување.
Според последните информации од здравствените власти, 44 пациенти кои се со тешки повреди веќе се пренесени во странство, односно во Србија 17, Бугарија 14, Турција 9 и Грција 4. Ноќеска и рано наутро ќе заминат уште 8 повредени, за Хрватска 4 и за Романија 4. Има можности за Словенија и Унгарија по 4 лица и Австрија 6 лица. Најавено е дека двајца пациенти со сериозни повреди ќе бидат пренесени на понатамошен третман во болница во Ликсембург.
Бројките постојано се менуваат поради пренесување на повредените во други болници.
Вчера вечер пристигна еден тим од ВМА Белград, а се очекува да пристигнат и тимови од Чешка, Израел и Белгија, како и специјалисти за изгореници од Израел, Чешка и Србија.
Во текот на вчерашниот ден згрижени се над 140 настрадани. Во земјава се хоспитализирани 90 повредени и тоа Клинички центар 20, ГОБ 8 септември 20, Св. Наум Охридски 21, КБ Штип 20, ОБ Кочани 7, Токсикологија 2. Има пациенти и во приватните клиники.
Состојбата на сите пациенти се набљудува и конзилијарно се одлучува за понатамошните постапка. Вечерва пристигна еден тим од ВМА Белград, а се очекуваат и тимови од Чешка, Израел и Белгија.
На судска медицина од вчера вечер започна обдукцијата на дел од починатите.