Во рамките на проектот „Борба против нелегални шумски активности“, здружението на граѓани РЕФОРД, кое работи на полето на шумарството, природните ресурси и руралниот развој уште од 2010 година, нуди можност за обука за новинари кои се занимаваат со истражување на еколошки теми кои ги вклучуваат и шумските ресурси.
Во рамките на овој повик, целта е да се реализира дводневна обука. Првиот дел е планирано да се одржи во Петок 13-ти септември 2024 година, во попладневните часови, а вториот дел во Сабота 14-ти септември 2024 година, во претпладневните часови. Локацијата на настанот ќе се одреди дополнително.
Предложени теми:
- EUDR (European Union Deforestation free Regulation), регулатива на ЕУ која стапува на сила од 30.12.2024 и која ќе има влијание на трговијата со ЕУ со неколку вида на производи, меѓу кои и производите од дрво ;
- Lacey Act (USA regulation), законски акт кој санкционира компании од САД кои учествувале во трговија со ресурси кои потекнуваат од други земји и каде е направен криминал од областа на природните ресурси;
- Новини во предлогот на нов Закон за шуми;
- Прирачник за нелегални шумски активности за граѓански организации и останати заинтересирани лица;
Учеството на обуката е бесплатно, а трошоците за престој и храна ги покрива организаторот.
Пријавите за учество, со кратко резиме за работно искуство се испраќаат на електронска пошта на petrovski@refordcentre.org
Здружението на граѓани РЕФОРД на оваа тема докажано работи веќе четиринаесет години, со ангажман на професионалци од областа на шумарството кои во своето досегашно работење покрај реализација на повеќе технички проекти од шумарството, имаат испорачано обуки на различни целни групи, како сопственици на шуми, институции од шумарскиот сектор, припадници на единици на локална самоуправа, студенти и други заинтересирани страни.
Во рамките на проектот „Борба против нелегални шумски активности“ се спроведоа повеќе обуки кои беа специфично подготвени за разни интересни групи: припадници на шумска полиција, државен инспекторат за шумарство и ловство, национални паркови, студенти на факултет за безбедност и постдипломци на правен факултет, постдипломци на Академија за судии и обвинители, професионални судии и обвинители итн.