Два руски танкера потонале на 15 декември за време на бура, меѓу заливот Керч и полуостровот Крим, кој Русија го анектираше во 2014 година. Потонатите бродови превезувале околу 9.200 тони нафта, а околу 40 проценти од таа нафта завршила во морето.
„Забележавме 61 кит што починал, вклучувајќи и 32 кои починале по 15 декември од последиците на загадувањето“, соопшти руската невладина организација „Делфа“, која се занимава со спасување китови и делфини.
„Секој ден добиваме информации за нови мртви китови“, додаваат во соопштението.
Властите заедно со волонтерите организираат големи акции за чистење веќе речиси три недели, но ситуацијата сè уште е алармантна.