Повеќе од 30 државни факултети на четирите универзитети во Србија од вчера вечер, официјално се во блокада. Студентите бараат објавување на целокупната документација за реконструкцијата на Железничката станица во Нови Сад, како и откривање на одговорните за нападот врз студентите на ФДУ. На акцијата ѝ се придружија и студентите од ПМФ во Ниш, кои блокадата ја нарекоа „час за интегритет“. Студентите од Филозофскиот факултет во Белград велат дека блокадите продолжуваат и дека постојат поважни испити од оние на настава се „испитите за морал.“
Од вчера вечер и Студентите на Факултетот за современи уметности во Белград се придружија на студентите од други факултети во Србија кои се во блокада. Исто така, студентите на Факултетот за безбедност во Белград донесоа одлука да се вклучат во оваа акција, чија цел е да укаже на сериозни општествени и политички проблеми, вклучувајќи одговорност за последните настани и несреќи. Ветеринарниот факултет разгледува можност да се приклучи на блокадата.
Бојкотите и блокадите се дел од поширок протест, кој трае веќе неколку недели на универзитетите ширум земјата, а студентите бараат одговори и одговорност од властите во врска со прашања како реконструкција на инфраструктурата и безбедност на граѓаните.
Блокадите започнаа крајот на ноември по нападот врз студентите на ФДУ, кои за време на оддавањето почит на жртвите од несреќата на Железничката станица во Нови Сад (кога падна надстрешница) организираа протест. Студентите добија поддршка од некои професори, активисти, политички партии, но и граѓани кои им носеле храна и пијалаци.
За време на вчерашната акција на ЕТФ во Белград, студентите порачаа дека секојдневните блокади ќе бидат прекинати само кога ќе бидат исполнети сите барања на студентите. Можни се и радикализации на протестите.