Повеќе од 1000 сателити се во опасност по експлозијата на кинеската ракета

Кинеската ракета која се распадна во вселената минатата недела на повеќе од 700 парчиња предизвикува опасност за повеќе од 1000 сателити и други објекти во земјината орбита, оценуваат аналитичарите.

Државната кинеска компанија Shanghai Spacecom Satellite Technology лансираше 18 сателити за интернет во орбитата во вторникот, како прв дел од комуникациската мрежа која ќе се натпреварува со „Старлинк“ на SpaceX. Горниот дел од ракинатата, која ги однесе сатлитите во орбинатата, експлодирал брзо по испуштање на сателитите.

Американските компании за слдење на вселената проценуваат дека поради тоа има околу 700 парчиња вселенски отпад. LeoLabs објави дека бројот на парчиња отпад е над 900, поради што ова е еден од најголемите вакви инциденти. Облакот од вселенски отпад, создаде на 800 километри висина, ќе постои неколку години, сметаат аналитичарите.

Повеќе од 1100 сателити и други објекти во вселената се во опасност од судир со овој вселенски отпад, изјави Одри Шафер, потпретседателка за стратегија во Slingshot Aerospace  за Ројтерс.

„Од тоа што можеме да видиме, постојат повеќе од 1100 можни блиски средби на помалку од пет километри оддалеченост во следните три дена“ вели Шафер и додава дека една третина од загрозените летала се активни и дека ќе може да го избегнат вселенскиот отпад.

Останатите објекти се неконтролирани делови од постоечки вселенски отпад и нема можност за избегнување на нови судири и создавање на нов отпад, поради што аналитичарите се плашат од ланчани судири.

Извор: ХРТ

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни