Повеќе од 4.000 полицајци ќе бидат ангажирани за време на инаугурацијата на новиот папа

Се наведува дека околу 1.000 волонтери ќе бидат на терен кога верниците ќе излезат на улиците по сигналот со бел чад од Сикстинската капела, што ќе значи дека е избран нов папа.

Повеќе од 4.000 припадници на полициските сили ќе бидат ангажирани за обезбедување на безбедноста за време на церемонијата на инаугурација на новиот папа, одлучи денеска Римскиот комитет за јавен ред и безбедност.

Според официјалните лица, од почетокот на конклавата за избор на нов папа во среда, полициските сили ќе бидат распоредени според потребите, пренесе агенцијата Анса.

Се наведува дека околу 1.000 волонтери ќе бидат на терен кога верниците ќе излезат на улиците по сигналот со бел чад од Сикстинската капела, што ќе значи дека е избран нов папа.

Конклавата, односно собирот на кардиналите на кој ќе се гласа за избор на новиот папа, започнува во среда, по смртта на папата Франциско на 89-годишна возраст, на 21 април.

Претходните две конклави, во 2005 и 2013 година, траеја само по два дена.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни