Сместена во областа Јужонг, станицата, отворена во 2022 година, се наоѓа на неверојатни 116 метри под површината – што е еквивалентно на висина од 40 ката.
Станицата Хонгјанкун се наоѓа на линијата 9 од железничкиот транзитен систем Чонгкинг, во област позната по кривулестите патишта и бескрајните ридови.
За време на изградбата на станицата, наводно на работниците им биле потребни 38 минути да се искачат од дното до врвот на станицата.
Сега, ако патниците сакаат да стигнат до дното, можат да очекуваат осум ескалатори до платформата.
Претходно најдлабока метро станица беше станицата Арсенална во Киев, а за споредба најдлабоката метро станица во Лондон изнесува 58,5 метри, додека во Њујорк 53 метри.
Станицата Хонгјанкун е опремена со модерен и елегантен ентериер, а ескалаторите беспрекорно ги поврзуваат патниците со платформата.
Има и побрза опција за пристигнување до дното – лифт кој трае само 53 секунди.
Меѓутоа, поради брзото спуштање, може да дојде до затнување на ушите поради промената на притисокот.
Благодарение на уникатниот дизајн на станицата, таа стана и туристичка атракција, привлекувајќи посетители од целиот свет кои сакаат да го искусат овој импресивен транспортен систем.
Станицата Хонгјанкун не е единствената атракција во овој град. Повеќекатните згради, неонски осветлени облакодери и футуристичка архитектура му го донесоа прекарот „сајберпанк град“, поради неговата неверојатна сличност со дистописките пејзажи на филмот Блејд Ранер.
Градот може да се пофали со 298 облакодери високи над 100 метри и 26 згради високи над 200 метри, што го рангира на 15-то место во светот според облакодерите и на шестото место во континентална Кина.