Во 1641 година, шпанската круна изгубила повеќе од 37 тони злато кога бродот Merchant Royal потонал близу англискиот брег, за време на неповолни временски услови. Бродот превезувал злато и сребро од Шпанија за Холандија, а неговото потонување предизвикало големи загуби за шпанската власт.
Бродот бил стар и оштетен
Во тоа време, се водела Тридесетгодишна војна, и шпанските војници во Холандија морале редовно да бидат платени за да продолжат со борбата. Заради тоа, шпанската круна опремила бродот Merchant Royal со задача да ги исплати војниците во Антверпен.
Бродот потекнувал од шпанската лука Кадиз и, покрај 37 тони злато, носел и околу половина милион сребрени монети, како и 400 полуги мексиканско сребро. Според денешните стандарди, само златото на бродот вреди повеќе од две милијарди долари.
Потонување кај ртот Land’s End
Бродот потонал близу англискиот рт Land’s End, најзападната точка на Англија. Добро познато било дека бродот бил стар и оштетен. За време на последните пловидби, редовно пропуштал вода, а проблемите биле решавани со инсталирање на специјални пумпи за извлекување на водата. Сепак, лошото и дождливо време од југот на Англија било доволно за да го потопи бродот. Пумпите не биле доволни за да ја исфрлат водата навреме.
Морнарите почнале да се евакуираат, но еден дел од екипажот (околу 20 луѓе) загинале. Златото било премногу тешко за да биде спасено и завршило на дното на морето заедно со бродот.
Потоа следувал неуспешен обид за пронаоѓање на бродот
Во 2007 година, била организирана операција за да се најде бродот и да се спаси неговото блaго. Сепак, и овој обид не дал резултати. Истиот тим што ја водел оваа експедиција, успеал да го пронајде друг шпански брод во англиските околни мора, на кој биле откриени богатства вредни 500 милиони долари.
Операцијата била инспирирана од наоѓањето на бродот Atocha во 1970 година, кој потонал во 17. век. Аточа била пронајдена блиску до Флорида, а пронајденото богатство било вредно 450 милиони долари.
Бродот Merchant Royal и неговото богатство се уште се енигма, чекајќи да бидат пронајдени и откриени по повеќе од 350 години.
Извор:Index.hr