Потона брод со 90 мигранти помеѓу Малезија и Тајланд – најмалку една жртва

Брод со 90 мигранти потона помеѓу Малезија и Тајланд. Најмалку една жртва е потврдена, 10 лица спасени, а трагањето по исчезнати брода продолжува.

Најмалку една лице загина при потонувањето на брод кој превезувал околу 90 мигранти во морската граница помеѓу Малезија и Тајланд, објави денеска малезиската полиција, додавајќи дека се трага и по два други исчезнати брода.

Бродот се превртел пред три дена, изјави за локалните медиуми шефот на полицијата на северната држава Кедах, Аџил Абу Сах, додавајќи дека двата исчезнати брода превезувале „сличен број патници“.

Досега спасени се десет лица, а операцијата за спасување продолжува, истакна тој.

Морските власти соопштија дека несреќата најверојатно се случила кај островот Тарутао, северно од туристичкиот остров Лангкави.

„Досега се пронајдени 10 живи лица. Пронајдено е и едно тело“, изјави локален функционер, предупредувајќи дека можеби има уште жртви.

Малезија прифаќа илјадници мигранти кои доаѓаат од посиромашните азиски земји, од кои многумина се без документи и работат во градежништво или земјоделство.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни