Последна шанса за македонските автори, конкурсот трае до 15 јануари!

Конкурсот за престижната награда „Роман на годината“ за 2024 година, кој го организира Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, завршува на 15 јануари. Право на учество имаат романите кои за првпат се објавени на македонски јазик во текот на 2024 година.

Авторите треба да достават пет печатени примероци од романот, кои нема да се враќаат, во читалницата „Славко Јаневски“ во Скопје (ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 23/1-1) секој работен ден од 12 до 20 часот или по пошта на адреса: бул. „Кузман Јосифовски Питу“ 19/6-40, Скопје. Дополнително, пожелно е доставување на електронска верзија на романот на: romannagodinata@gmail.com.

Наградата опфаќа паричен износ од 150.000 денари, статуетка и плакета. Петчлената комисија ќе го објави добитникот најдоцна до 15 март 2025 година на прес-конференција.

Оваа година наградата ќе се додели по 26. пат, а нејзин генерален покровител е „Комерцијална банка“ АД Скопје. Минатогодишниот лауреат е романот „Единствен матичен број“ на Лидија Димковска, објавен од издавачката куќа „Три“.

Доколку сте македонски писател, ова е вашата шанса да го оставите своето дело во историјата!

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни